Кога се во прашање хороскопските знаци и љубовните врски, советот е дефинитивно да не очекувате сериозни иницијативи во врските од овие три знаци:
Девица
Никој нема толку високи стандарди како Девицата: совршенство или неуспех. Овој практичен земјен знак се грижи за самоодржувањето, па прави се што може за да ја заштити својата енергија, дури и ако тоа значи откажување од врската. Девиците често се осамени затоа што се плашат да ја изгубат својата индивидуалност со растворањето во партнерството. Длабоко во себе попрво би биле сами отколку со погрешен партнер.
Стрелец
На Стрелецот секогаш му се потребни нови емоции и авантури – без нив паѓа во меланхолија и губи секаков интерес за животот. Покрај тоа, изгледите за нешто долгорочно, придружено со сериозни обврски, често го плаши овој хороскопски знак. Стрелецот има слободен дух и секогаш гледа во далечината. Предолгото останување на едно место е против неговата животна филозофија, а тоа е да најде партнер кој нема да му постави граници и ќе ја поддржи неговата желба секогаш да оди напред.
Водолија
Независноста на Водолијата е исклучително вредна за неа. Се гордее со фактот што може сам да достигне височини, без да се потпира на надворешни фактори и други луѓе. Познати по својот авантуристички дух, Водолиите често им пркосат на сите ограничувања и стереотипи кои постојат во општеството, вклучувајќи ги и љубовните прашања. Со оглед на тоа дека лудиот Уран е нивната владејачка планета, исклучително е тешко да се предвидат постапките на овој знак. И ќе биде уште потешко да се затворат во некаква рамка. Нивниот воздушен елемент бара нешто интелектуално, а сепак едноставно.