Некои хороскопски знаци се родени скептици. Кога некој ќе им каже дека се сменил, нивниот внатрешен радар веднаш го вклучува алармот и тие не веруваат.
Тие не можат да замислат дека некој би можел некогаш да ги прекине лошите навики или да стане подобра верзија од себе.
Еве ги најголемите скептици на зодијакот:
Бик
Биковите се познати по својата тврдоглавост, но и по својата неверојатна практичност. Тие веруваат дека карактерот останува цврст како карпа, исто како и самите тие. Ако некогаш сте се обиделе да убедите некој Бик дека сте се промениле, веројатно сте наишле на ладен поглед и реплика: „Можеби сега мислите така, но тоа нема да трае“. Зошто биковите не веруваат во промени? Затоа што тие самите ретко го менуваат мислењето или навиките. Нивната идеја за стабилност не вклучува револуции во личноста. Според нив, вие сте подобри во очите на другите ако прифатите тоа што сте, со сите маани и доблести.
Скорпија
Скорпиите имаат неверојатно силен инстинкт и се чини како да гледаат преку луѓето. Ако некој се обиде да ја убеди Скорпијата дека се сменила, одговорот е обично воздржано подигнување на веѓите и скептичен коментар што ви дава до знаење дека не сте ја убедиле. Скорпиите едноставно веруваат дека луѓето можат само на кратко да ја сокријат својата вистинска природа. Зошто Скорпиите се сомнителни за промените? Затоа што тие се длабоко свесни за сложеноста на човечките емоции и мотивации. Според нив, промената е можна само ако човек помине низ длабока внатрешна криза, а ни тогаш не се сигурни колку долго ќе трае. Ако Скорпијата верува во вашата промена, знајте дека сте го поминале нивното ригорозно тестирање.
Јарец
Јарците се практични и сериозни, не можете да ги импресионирате со празни ветувања или големи зборови. Кога некој ќе каже дека се променил, Јарецот нема само да верува во тоа, туку ќе побара од вас да го докажете тоа со вашето однесување. Тие веруваат во резултати, а не во приказни и додека некој не ги убеди преку конкретни постапки, остануваат ладни и резервирани. Зошто Јарците не веруваат во промени? Затоа што се убедени дека промената доаѓа со многу труд, одговорност и самодисциплина, што, според нив, ретко кој навистина ги има. Сè додека не видат постојан напор, Јарците веруваат дека промената е само минлива фаза или убава лага.