Три хороскопски знаци кои уживаат во есента

од Stefanija Kuzmanovska
456 прегледи

Постојат луѓе кои „оживуваат“ во пролет и лето, а има и такви кои најмногу уживаат во есен и во зима. Ова е особено изразено кај некои хороскопски знаци.

Вагата, Скорпијата и Стрелецот своите најдобри денови ги доживуваат со првите денови од есента, еве зошто.

Вага
Сезоната на Вага нè воведува во есента. Вагата е совршена комбинација на првите есенски дружења кога вечерите стануваат малку постудени, топли пијалоци со есенски зачини и украси од тиква.

Тоа е време создадено за воспоставување врски и дружење бидејќи е дел од втората половина на зодијачкото тркало, каде што учите да воспоставите врска и да се интегрирате во друштвото. Време е да поминете квалитетно време со вашите партнери, пријатели, колеги, семејството.

Вагите особено уживаат во тоа уште од првиот ден на есента.

Скорпија
Скорпијата е секако најмистериозниот знак во Зодијакот. Таа е олицетворение на есенската темнина, па не случајно Ноќта на вештерките паѓа токму во сезоната на скорпии. Овој воден знак е многу погрешно разбран и духовно сложен. Сепак, и покрај неговата длабоко загадочна личност, има нешто навистина магично во Скорпијата.

И токму сега е време да излезе на површина. Ова е време да ги создаде своите најдлабоки односи и емотивни врски. Кога една Скорпија ќе се поврзе со некого на емотивно ниво, сè се менува кај нив. Но, само избраните го заслужуваат тоа. Скорпијата не дозволува да се поврзе со било кого. Нејзината енергија ги вовлекува сите други знаци во нејзините длабочини, но само ако им дозволи. Затоа, есента е одредена за избраните.

Стрелец
Стрелецот е огнен знак, исто како Овенот и Лавот. Меѓутоа, огнот на овој променлив знак е сосема различен од другите два бидејќи токму неговата светлина ги зближува луѓето. На пример, замислете како седите околу оган на плажа, опкружени со пријателите и семејството – токму тоа е Стрелецот. Во својата сезона, тој навистина цвета и споделува сè што крие внатре со остатокот од светот.

Токму тогаш, есента полека се приближува до сезоната на празници и веселби, а таа стрелачка светлина ќе ги осветли тие темни, магливи вечери пред празниците. Ако имате некој во вашето опкружување кој е Стрелец, имате голема среќа. Не го пуштајте да си оди.

Слични содржини