Три хороскопски знаци кои ќе се вљубат до крајот на август, ова важи и за оние во врска

од Stefanija Kuzmanovska
415 прегледи

Ако мислевте дека август ќе биде поминат во излегување, забава, лежерно флертување и дружење само со пријателите, сте се излажале. Астролозите предвидуваат бројни промени на љубовното поле, кои секако ќе се случат до крајот на август.

Доколку сте родени во некој од овие хороскопски знаци, подгответе се за нова романтична приказна! Ова важи и за зафатените, бидејќи можеби со затворање на една врата ќе се отвори друга. Еве за кои знаци станува збор:

Водолија

Иако розите нема да цветаат на други полиња од животот, нивниот љубовен живот им носи многу причини за насмевка. Слободните ќе уживаат во погледот на спротивниот пол, а од ретките обожаватели кои ќе им пријдат, една ќе им го привлече вниманието. Нема да размислувате многу и ќе им се препуштите на чувствата, а врските започнати овој месец ќе ви донесат многу страст и возбуда.

Риби

Целиот месец ќе биде поволен за Рибите на интимен план, но во вториот дел од август ги очекува вистинска експлозија на страст. Ако не сте заљубени, тоа треба да се промени. Во вашиот живот ќе влезе привлечна личност која ќе ве воодушеви, не само со својот изглед, туку и со смислата за хумор. Брзо ќе се впуштите во флерт, а вашата врска може да трае и откако ќе згасне почетната страст.

Скорпија

Пред вас е возбудлив месец, особено ако во овој период сте на одмор. Би можеле да запознаете неодолив странец со кој ќе доживеете незаборавни моменти. Нема да се делите еден од друг, па крајот на летниот одмор и разделбата ќе ви биде доста тежок. Некои парови ќе изберат да одржуваат врска на далечина.

Слични содржини