Склоноста кон озборување е запишана во ѕвездите, а кои се знаците кои најмногу озборувањаат, ви откриваме во следните редови.
БЛИЗНАЦИ
Благословени со дарот за лесна комуникација, Близнаците сакаат да го збогатуваат секој разговор со многу сочни детали. Иако за Близнаците не може да се каже дека имаат лоши намери, тие едноставно веруваат дека сè треба да се сподели со луѓето околу нив. Често вклучени во разговори, Близнаците ненамерно шират озборувања. Нивниот муабет е често незапирлив и пред да сфатат откриле доверливи информации на некој на кој не требало.
СКОРПИЈА
Скорпиите се љубопитни по природа, па не е чудно што постојано се зафатени со туѓи работи. Склони кон испрашување, Скорпиите се оние кои не можат да одолеат да копаат во длабоките и мрачни тајни на луѓето околу нив. Скорпијата е личност која ќе ги знае сите детали за романтичните потфати на нивните најдобри пријатели и многу често ќе се најде себеси да им ги открива тие детали на другите.
ЛАВ
Лавот кој бара внимание ќе стори сè за да се вклопи, па не треба да се сомневате дека Лавот секогаш има грст корисни информации во ракавот. Без разлика дали станува збор за наоѓање нова љубов или градење пријателства, овој горд знак е вистински собирач на озборувања.