Новата недела е пред нас, а астролозите велат дека некои знаци нема да имаат многу среќа во наредните денови, од 18 до 24 јули. Згора на тоа, ги очекуваат предизвици и сурови конфронтации со реалноста, а еве за кои знаци станува збор.
РАК
Немате енергија оваа недела, се чувствувате како да сте невидливи и како никој да не ве сфаќа сериозно. Или уште полошо, како никој да не забележува дека сте тука. Се разбира, навистина не е така, но тоа не го менува фактот дека така се чувствувате.
Можно е да претерате со некои настани во љубовниот живот или да драматизирате за вашиот изглед. Ќе сакате да бидете сами оваа недела бидејќи едноставно не се чувствувате како да сте добро друштво во моментов.
Најверните пријатели се со вас, подготвени да ве поддржат, но вие не сте подготвени да се отворите и да им верувате. Треба да го надминете сето она што ве мачи и како што неделата се приближува кон крајот, така ќе бидете подобро.
ДЕВИЦА
Оваа недела сте прилично збунети бидејќи понекогаш се чувствувате беспомошно, а понекогаш сте исплашени. Во исто време, многу сте неодлучни кога е љубовта во прашање, но и лути. Секако, не сте најдобро расположени, се преиспитувате себеси и се чувствувате прилично безвредно.
Не ви се допаѓа сопствениот одраз во огледалото иако никогаш не сте изгледале подобро, но не се работи за тоа, туку за вашето однесување и став. Бидете внимателни, имате тенденција да ги „вадите“ своите фрустрации на луѓето што ги сакате.
Обидете се да извлечете поуки од сè што ви се случува оваа недела.
РИБИ
Многу е можно да кажете или да направите нешто за што горко ќе зажалите, а најверојатно е насочено кон вашето семејство. По одредени зборови ќе почувствувате олеснување, но и грижа на совест, иако гордоста нема да ви дозволи да се извините без разлика што некого повредивте со зборовите.
Клучната поента е дека вашето лошо расположение и започнувањето кавги со другите всушност го крие вашето незадоволство од себе. Оваа недела ќе мора да се соочите со реалноста, но и со себе, а откако ќе го направите тоа лесно ќе ги решите сите проблеми.