Јаглехидратите се главен извор на енергија и без нив човековото тело не може нормално да функционира.

Јаглехидратите често ги бие лош глас, посебно кога се во прашање диетите, бидејќи многумина сметаат дека токму тие се виновници за вишокот килограми.
Иако тие влијаат врз зголемувањето на тежината, тоа не значи дека се главната причина за тоа. Токму затоа одлучивме да ви претставиме три најчести митови за јаглехидратите кои често се споменуваат, но не се точни.
Доколку ги исфрлите јаглехидратите од исхраната, нема да се дебелеете
Ова е најголемата заблуда која е поврзана со јаглехидратите. Многумина сметаат дека ќе ослабат доколку во потполност ги исфрлат јаглехидратите. Она што малкумина го знаат е фактот дека мастите многу повеќе влијаат врз килажата – без јаглехидрати, телото нема доволно енергија за да функционира, а со самото тоа ќе се чувствувате слабо и омалаксано.

Сите јаглехидрати се исти
Едноставните јаглехидрати (овошје, шеќер, мед) брзо се разградуваат и допринесуваат кон создавање на чувство на глад, но сложените јаглехидрати како целите житарки, оризот и интегралните тестенини треба да бидат присутни во вашата исхрана бидејќи тие ќе ви овозможат одличен извор на енергија на нискокалоричен начин.

Консумирањето на леб не е здраво
Голем дел од луѓето се откажуваат од лебот кога се подложуваат на различни диети, но не сите лебови се исти. Доколку сакате да внимавате на вашата исхрана, одберете интегрален леб кој содржи здрави состојки без адитиви. Таквиот леб ќе ви помогне да ослабнете бидејќи брзо ќе ве засити и ќе ви ја овозможи силата и енергијата кои ви се потребни за нормално функционирање во текот на денот.