По двата неуспешни обиди, денеска конечно ќе се стави потпис на договорот за финансиска поддршка на евтини летови, со авиокомпанијата Визер.

Согласно договорот Владата на авиокомпанијата ќе и исплати пет милиони евра, а субвенционираните летови ќе почнат од март годинава.
Тоа е трет Договор за субвенции за авиолинии меѓу македонската Влада и „Визер“. Во нарендите три години на авиокомпанијата треба да ѝ бидат исплатени пет милиони евра. Субвенционираните летови од аеродормите во Скопје и во Охрид треба да ги опслужува од март годинава. Од Охрид планирани се три нови летови за европските метрополи.
Договорот следи по третиот повик што го објави Владата за доделување финансиска поддршка по двата неуспешни огласи. На сите три повици понуда достави само „Визер“ која опслужува евтини авиолинии од македонските аеродроми во изминатите шест години.