Три очигледни знаци дека животот со партнерот не е добра идеја

Доколку со некого сте во врска подолго време, следниот логички чекот е започнување на заедничкиот живот. Освен што почесто ќе се гледате, така ќе заштедите на време и пари бидејќи ќе ги поделите трошоците, а ќе видите и како функционирате заедно.

Pixabay

Од друга страна, може да се случи и заедничкиот живот да се испостави како лоша идеја. Овие знаци укажуваат дека сте во таква ситуација:

1. Започнавте да живеете заедно од финансиски причини

Многумина изнајмуваат стан и одлучуваат да живеат заедно со партнерот од финансиски причини, но колку и да е тоа добра идеја за вашиот буџет, тоа е лошо за врската. Во почетокот, паровите сакаат се повеќе време да поминуваат заедно, но подоцна може да дојде до кавги и расправии и несогласување. Во овој случај, најдобро е да се раздвоите, што не значи дека треба да ја раскинете врската.

2. Бевте посреќни пред заедничкиот живот

Доколку сфатите дека сте посреќни пред да почнете да живеете заедно, раздвојувањето би можело да го реши проблемот. Дали бевте задоволни и предходно од вашата врска и однос? Дали се чувствувате лошо за заедничкиот живот? Доколку одговорот е да, вратете се на стариот начин на функционирање, и погрижете се да ја поправите врската.

3. Вашите распореди и друштвени потреби, не се поклопуваат

По вселувањето може да се случи да сфатите дека вашите начини на живот се некомпатибилни и дека мора да се ускладите со партнерот како знаете и умеете. Доколку еден од вас работи трета смена, а другиот регуларна смена, можеби би било подобро, поради мирот и стабилноста, да живеете одвоено. Исто така, доколку едниот од вас е екстроверт и сака да има луѓе на посета и да прави забави, додека другиот е интроверт и сака да има простор и време само за себе, најпаметно би било да живеете одвоено.

Слични содржини