Три патишта кон европската дезинтеграција

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Водачите на ЕУ треба да се разбудат. За едно нешто Марин Ле Пен, лидерот на францускиот екстремнодесничарскиот Национален фронт, можеби е права. Таа  го нарече гласањето за излегувањето на Велика Британија од Европската унија екнајголемиот политички настан во Европа по падот на Берлинскиот ѕид. Ова може да се покаже како точно: “Брекзит” ја  дестабилизира Британија и може да доведе до уништување на ЕУ. Старомодните федералисти велат дека одговорот на “Брекзит” треба да е уште понатамошна интеграција на ЕУ. Но таков одговор е и претеран и опасен.

Германија и Франција често се во контрадикција, и двете имаат слаби лидери изведени пред реизбор  за следната година, кои едвај ќе успеат да соберат поддршка за “уште блискост на  унија”. А и антиевропски чувства се широко распространети и премногу длабоко, за да се дава поголема моќ на неизбрани претставници на ЕУ преку наметнување на дополнителни ограничувања врз донесувањето на одлуките од одделните земји. Тоа дополнително го разгори огнот.

Точно е дека веднаш по “Брекзит” турбуленциите изгледа  се засилија со поддршката за важечките политичари и на ЕУ, но е малку веројатно тоа да продолжи. Се очекуваат несаканите ефекти од “Брекзит” да ги поткопаат економските резултати на еврозоната и понатаму да ги поларизираат европските политика, додека избирачите стануваат несигурни.

Кршење на невидливата бариера

Германската доминација во ЕУ ќе се зголеми, а така исто и антигерманските  непријателски реакции во многу земји. Со слаба и поделена ЕУ, неспособна да дозволи многу кризи во Европа, како и со повидлив национализам, можеме да очекуваме понатамошно распаѓање во различни форми. Нај крајна форма би било понатамошен  излез на земји-членки.

Заминувањето на ЕУ изгледаше невообичаено: Ниту една земја не го правела тоа досега и тоа е понудено само од екстремисти. Сега “Брекзит” прави заминувањето да изгледа изводливо, и, до одреден степен разумно. Герт Вилдерс, чија десничарската Партија на слободата води во анкетите во пресрет на општите избори во Холандија во март следната година, веќе побара референдум за членството во ЕУ. Така направи и данската Народна партија, која е најголема партија во данскиот парламент, но останува надвор владата. Во Франција, каде опозицијата против ЕУ е посилна дури отколку во Велика Британија, Ле Пен води кампања со ветување за плебисцит за “Фрекзит”. Таа во моментов води во анкетите за првиот круг од претседателските избори во април следната година. И додека овие студии покажуваат дека таа ќе биде поразена во вториот круг од умерен конзервативен кандидат, левоцентристичките  избирачи кои се иритирани од ограничувањата политичката врхушка и германската доминација може пак да се соберат во нејзина поддршка.

Нешто повеќе, растечкото чувство на несигурност по терористичкиот напад во Ница на 14 јули – третиот  голем терористички крвав напад во Франција во рамките на 18 месеци – игра за Ле Пен. Индиректниот пристап Дезинтеграција исто така може да прифати помалку екстремна, но подмолна  форма, ако владите изберат неказнето да ги игнорираат правилата на ЕУ .

еу знам1еВо Италија премиерот Матео Рензо сака да ја искористи нестабилноста по “Брекзит” и ги користат јавни средства за рекапитализација на италијанските банки-зомби, без да се наметнуваат загуби на доверителите им,  а на тој начин се заобиколат новите “спасувачки” правила на ЕУ за банките. Во Франција премиерот Манјуел Валс се  закани да  ги игнорира објавените од ЕУ директиви за работници, додека таа не биде променета да  ги штити работодавците да  ги вработуваат работници од други земји од ЕУ при полоши услови од оние за локалните функционери.

Германија тврди дека Франција исто  ги нарушува фискалните правила во еврозоната без приговори од Европската комисија. И иако Еврокомисијата им се закани  на Шпанија и Португалија со казни за нивните пречекорување по кредити, тоа конечно се повлече. Исто така , многу влади еднострано  ја наметнуваат  граничната контрола во божем слободната од гранична контрола Шенген зона. Уште полошо, Комисијата ги затвора очите за либералниот премиер на Унгарија Виктор Орбан, иако неговата влада постојано ги игнорираше барањата на ЕУ во однос на владеењето на правото и демократските норми. Владите на Унгарија и други земји, исто така, одбиваат да ја прифатат програмата на ЕУ за распределување  на бегалците во рамките на Унијата, која тешко ќе биде извршена.орбан

Орбан ќе одржи во октомври референдум, за да ги зацврсти позициите. Третата закана за интеграцијата на ЕУ е понатамошно освојување на владите од националистички и работат против сега постоечкиот ред партии. Како  што посочи Европскиот совет за надворешна политика, демонстрантите се партии кои веќе играат директна улога во управувањето на осум од 28-те земји на ЕУ.

Во Австрија екстремнодесничарскиот кандидат Норберт Хофер кој води во анкетите за повторните претседателски избори во земјата закажани за октомври.

Во истиот месец Италија ќе се  одржи уставен референдум за реформирање на Сенатот и Рензо изјави дека ќе поднесе оставка ако тоа не се случи. Ова ќе  им отвори врата за Движењето Пет ѕвезди што досега победи на локалните избори во Рим и Торино, и повика на референдум за членството на Италија во еврозоната – но не и за членството во ЕУ. Дури и кога популистичките партии нема да  победат, важечките политичари на статус кво позиции пак прават отстапки на нивните приврзаници. На пример Ален Жупе, водечкиот кандидат за претседателската функција на републиканците во Франција, размислуваат  за ограничување  на мобилноста на работната сила во ЕУ, како што  тоа го прави и неговиот главен ривал – поранешниот претседател Никола Саркози.

Концентрација врз придобивките

За да се спротивстави на овие сили на дезинтеграција, ЕУ треба да направи помалку но  да го направи подоброто. Од економска гледна точка, плановите за нови институции можат да чекаат; Еврозоната треба да се фокусира наместо со тоа на политики за подобрување на животниот стандард на сите. Тие треба да вклучуваат послободни фискални ограничувања, повеќе инвестиции, и пониски даноци на трудот.

Европските лидери исто така треба да ја обноват довербата. За почеток , тие треба да ги користат новите спасувачки правила на ЕУ, за да бидат расчистени билансот на банките, за наметнување на загуби на доверителите и надоместување на малите инвеститори, на кои биле дадени лажни ветувања. Политички ЕУ треба да укаже на ефикасна соработка во борбата против тероризмот. И наместо да се обидува да ги принуди непокорните влади да ги  прифатат несаканите бегалци, органите на ЕУ треба да се стремат кон една  безбедна програма за преселување со готови на тоа влади. Ова е особено важно со оглед на несигурната судбина на договорот меѓу ЕУ и Турција за ограничување на протокот на бегалци, кој е воопшто несигурен провес особено по неуспешниот удар во Турција минатиот месец  Водачите на ЕУ треба да се разбудат. При задушувачкото распаѓање тие треба итно да демонстрираат концепт и план  пред загрижените Европејци дека придобивките од ЕУ  ги надминуваат направените трошоци.

 

———–

Филип Логран, поранешен економски советник на претседателот на ЕК. Коментарот е објавен на сајтот на телевизијата “Ал Џезира”.