Три видови храна за луѓе која е дозволена и за кучиња

од desk4
548 прегледи

Вашето милениче ве гледа со милни очи додека јадете, но вие не сте сигурни дали смеете да му дадете од вашата храна.

Вистина е дека постојат намирници кои не се наменети за кучиња, но има и такви кои се целосно безбедни и слободно можете да им ги додавате во храната.

Месо

Кучињата смеат да јадат месо. Најдобро е да почнете со пилешко. Она што е најважно да го запазите е месото да е целосно сварено, односно термички обработено и да е што помалку масно.

Пилешка супа

Пилешката супа можете да ја додавате во храната на кучето, особено во денови ако има потешкотии со исфрлање на изметот. Во овој случај најважно е да ги отстраните сите коски од супата.

Риба

Кучињата смеат да јадат риба и исто како и во претходните случаи, важно е да биде целосно сварена и исчистена од коски.

Слични содржини