Триесет и едногодишна жена се затрула со апчиња

од Aleksandar Todeski
309 прегледи

Триесет и едногодишна тиквешанка синоќа се затрула со апчиња, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

„Синоќа во 20:37 часот во СВР Велес е пријавено дека во Општа болница Кавадарци е донесено затруено женско лице кое испило повеќе таблети. Полициски службеници  од ОВР Кавадарци по извршени активности констатирале дека станува збор за 31. годишна жена, која се затрула со пиење на повеќе таблети во нејзиниот дом“, појаснуваат од МВР.

За случајот, како што додаваат од МВР, известен е јавен обвинител кој во моментов го разгледува случајот.

Слични содржини