Трифонов: Голем број македонски политичари кои земале бугарско државјанство отворено ја мразат Бугарија

од Nikola Popovski
1,K прегледи

Во Северна Македонија има политичари кои отворено ја мразат Бугарија и нас Бугарите, порачал вчера лидерот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов.

Според него, голем дел од нив се дволични, бидејќи, како што тврди многу удобно си земале бугарско државјанство.

-За жал, во Северна Македонија во моментов владеат такви политичари и тие го поттикнуваат својот народ да не мрази и да не ги сака Бугарите, нагласил Трифонов, додавајќи:

-Ова е многу тажно, но и многу жално за нив, бидејќи Бугарија како членка на Европската Унија никако не треба да дозволи земја со такво однесување да започне преговарачки процес за влез во ЕУ. Единствен начин е тие да ги вклучат Бугарите во нивниот Устав и целосно да го почитуваат таканаречениот француски предлог.

Албанија на 15-ти октомври ќе почне да отвора поглавја од преговарачкиот процес. Грција го тргна ветото, Тирана сама продолжува по интегративниот пат. Ова предизвика лавина реакции, и во земјава и во Софија. Брисел чека Скопје да го исполни условот со уставните измени.

Слични содржини