Трифонов со пцовка до пратениците кои гласаа „за“ францускиот предлог

од Nikola Popovski

Нова коалиција и прегратка на четворица партиски претставници за да се укине ветото за Северна Македонија, ова го видел лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ Слави Трифонов во одлуката на Бугарското национално собрание да го прифати предлогот на француското претседателство за Република Северна Македонија.

Трифонов исто така порачал: „Е*ате достоинството и националната самодоверба“. Неговите зборови од собраниската говорница ги прочитал претседателот на пратеничката група на ИТН, Тошко Јорданов.

Бугарскиот парламент со 170 гласа „за“ го прифати предлогот на партијата Демократска Бугарија да му даде мандат на Советот на министри да го прифати предлогот на француското претседателство за Северна Македонија.

Одобрувањето на одлуката за укинување на ветото за Северна Македонија беше поздравено со аплауз од мнозинството пратеници во пленарната сала.

Слични содржини