Трифонов: Ја напуштам владата поради С.Македонија

од Vladimir Zorba
360 прегледи

„Се повлекувам. Од денеска ги повлекувам министрите на „Има таков народ“ и ставам крај на оваа коалиција и оваа агонија“. Ова во видео обраќање го соопшти лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов, пренесоа бугарските медиуми.

Министрите на ИТН претходно денеска ја напуштија седницата на кабинетот на Петков поради „лошиот буџет на Асен Василев“, потсети Трифонов, прецизирајќи дека коалицијата не работи како што треба и ја спореди со агонија.

„Коалицијата не функционира и „Има таков народ“ нема место во оваа влада. Има две причини, рече Трифонов – Република Северна Македонија и тоа што нема пари во државата“.

„Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика, поинаква политика од онаа на МНР, различна од Народното собрание, различна од онаа што ја декларира Советот за безбедност. Премиерот зема друг министер за надворешни работи, неговиот, чие име е Весела Чернева. Премиерот им ветил на различни лидери во Европа и светот дека ќе го укине ветото на РСМ и прави се што е можно тоа да се случи. Кирил Петков грубо, безмилосно и еднострано не го почитуваше потпишаниот коалициски договор. Македонија е важен дел од нашата историја и душа и никој нема право да носи еднострани одлуки против волјата на бугарскиот народ. Ова се вика национално предавство“, рече Слави Трифонов.

Слични содржини