Трифонов ќе ги тужи Петков и Василев оти го нарекле „мафија“

од Nikola Popovski
370 прегледи

Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов синоќа најави дека ќе поднесе тужба против бугарскиот премиер Кирил Петков, министерот за финансии Асен Василев и министерот за спорт во оставка Радостин Василев. Според него, ова се должи на фактот, како што вели, неколку пати бил наречен „мафија“.

-Денес неколку пати слушнав дека јас сум мафијата од страна на премиерот Кирил Петков, министерот за финансии Асен Василев и Радостин Василев, кого не знам како да го дефинирам. Се согласувам дека во Бугарија секој може да каже нешто за секого, но мора да одговара за своите зборови. Еднаш ги осудив жолтите весници за нивните лаги. Ги добив сите случаи. Сега ќе поднесам тужби против Кирил Петков, Асен Василев и Радостин Василев за нивните лаги и сугестии. И, се разбира, ќе ги добијам. Фактите се против лагите и клеветите, објави Трифонов на Фејсбук.

-Им честитам, овие луѓе се навистина храбри, рече Петков на специјалната прес-конференција на партијата „Продолжуваме со промените“ по повод одлуката на пратениците на „Има таков народ“ да ја напуштат партијата на Слави Трифонов и со тоа да останат дел од бугарската влада.

-Бугарија има шанса! Мафијата штотуку го загуби коалициониот партнер, нагласи Петков.

Претходно беше објавено дека пет пратеници и министерот за спорт во оставка ја напуштаат ИТН.

Слични содржини