Од ФРОДЕМ, денеска преку соопштение известија дека двајца од основачите не се повеќе дел од ФРОДЕМ, затоа што нивните амбиции и цели биле политички и во интерес на некоја партија, со една цел – да се излезе на избори.

frodem11

„Од тие причини, не се повеќе дел од Фронтот. Во таа насока, нивните изјави не го претставуваат истиот. Треба да биде јасно, дека Фродем останува верен на основната цел и продолжува со својата долгорочна мисија, како коректив на севкупните политичко-општествени состојби. Нашата мисија продолжува во насока на нудење конкретни решенија за актуелните проблеми и состојби, во една долгорочна и одржлива визија за развој и просперитет на граѓанинот и на македонското општество. Фродем, под водство на Трифун Костовски, функционира во насока да го промени досегашното дејствување и размислување на двете најголеми партии, да се бориме против епидемијата на заминување на младиот способен кадар и да дејствуваме граѓанинот да биде ставен на прво место со сите негови квалитети и доблести

На Трифун Костовски и на Фродем не им е приоритет да излезат на избори и да обработуваат некои тесни партиски или политички интереси.

Во Македонија постои спротивна перспектива – наместо оние кои се на владеачките позиции да му служат на граѓанинот, граѓанинот е ставен во служба на нивните партиски и поединечни интереси. Сакаме таа грешка да ја исправиме и да укажеме на важноста на секој еден човек во општеството, со тоа што ќе ги акцентираме неговите потреби, ќе ги мотивираме неговите капацитети, да биде вклучен во процесите на одлучување и креирање на сопствената иднина. Тоа е вистинска демократија – партиципативност, соработка на граѓаните со оние на кои им е дадена довербата да ја водат државата. Јове Кекеновски и Ненад Новковски за многу кратко време се откажаа од таквата идеја и визија, и со тоа самите одлучија повеќе да не припаѓаат на Фронтот.”- се вели во соопштението на Фродем.

По ова,исто така преку соопштение реагираа Кекеновски и Новковски.

„Во име на сите основачи на ФРОДЕМ со препознатлива определба за самостојна демократска Македонија, го даваме следново соопштение како реакција на соопштението од неименувани личности од името на ФРОДЕМ што денес се појави во медиумите
Соопштението од неименуваните лица изобилува со дезинформации од првиот до последниот ред.

1. Не постои никаква службена електронска адреса на движењето ФРОДЕМ, зашто за тоа е потребна легална регистрација каква што нема. Ако некој се појавува под такво име регистрирано на фирма, тогаш тој не го претставува движењето каде што ние го сочинуваме основниот дел.

2. Во движењето не постои засега никаква формална структура туку работа врз основа на заедничка идеја за враќање на демократијата во Република Македонија. Демократијата ја подразбираме потпрена во прв ред врз внатрепартиската демократија за којашто ќе бидеме пример на сите политички субјекти. Токму таа идеја ја напушти вчера во своето интервју г. Трифун Костовски со изјавата дека ќе се овозможи влез на членови од актуелната влада во новата власт, со што се самоисклучи. ФРОДЕМ нема во никој случај да допушти во владата во којашто ќе има клучна улога да влезе ниту еден од членовите на владата што ги сосзададе најголемите проблеми во Република Македонија.

3. Лицата што го испратиле соопштението лажно соопштуваат дека сме исклучени, затоа што во ФРОДЕМ не постои конкретен механизам за исклучување на членови. Влегувањето и излегувањето се врши слободно врз основа на определбите. Оној што не ги почитува вредностиет на ФРОДЕМ самиот се исклучуав и не смее да го користи името. Уште помалку можеле да не исклучат од нивната паралелна организација, затоа што ние таму не сме членови.

4. Штом дел од членовите на ФРОДЕМ си формирале ново здружение, под водство на г. Трифун Костовски, тогаш немаат право да го употребуваат името што не им припаѓа. Во духот на највисоките цивилизациски вредности мирно и спокојно ќе се разделиме и тие можат да си регистрираат нов субјект со свои определби и со сите делови од интелектуалниот принос што го внеле во ФРОДЕМ, без да чепкаат во она што ние го имаме создадено.
5. Дека лицата што го дале соопштението не ги почитуваат основните вредности на ФРОДЕМ, дека за нив човекот не е највисоката вредност покажува и фактот што се обидуваат на конкретни луѓе, со свои препознатливи вредности, коишто се основачите на ФРОДЕМ да им го одземат она што го содале, и тоа на најбескрупулозен начин.
6. Ние не сме исклучени од ФРОДЕМ, затоа што за тоа неименуваните лица немаат овластувања. Продолжуваме понатаму со активно дејствување заедно со сите оние коишто се загрижени за демократската иднина на Македонија. Не потклекнавме пред многу помоќни лица во борбата за демократско владеење, нема ни сега“, се вели во обраќањето на Новковски и Кекеновски.

Слични содржини