Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники

од Nikola Popovski
41 прегледи

Полицијата информира дека во текот на вчерашниот ден тригодишно дете било донесено починато на скопските клиники.

-На 03.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив е донесено починато тригодишно дете од Кавадарци, кое од претходно имало здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт, а во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С.(36) од Кавадарци изјавила дека околу 03.00 часот го однела во Општа болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што во 08.45 часот е констатирана смрт, појаснуваат од МВР.

По наредба на јавен обвинител телото на починатото дете е предадено на обдукција.

Слични содржини