Трилатерална средба меѓу Пендаровски, Радев и Фон дер Лајен: Македонија очекува поддршка од ЕУ за справување со енергетската криза

од Nikola Popovski
169 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Софија оствари трилатерална средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен и претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

На средбата беше разговарано за текот на европските интеграции на Северна Македонија и натамошните фази во преговорите, како и за енергетската криза со чии предизвици се соочува Европа.

Претседателот Пендаровски посочи дека Северна Македонија очекува поддршка од ЕУ за справување со енергетската криза и ја истакна важноста од меѓусебна поддршка за јакнење на регионалната енергетска безбедност.

Во Бугарија денеска беше пуштен во употреба гасен интерконектор долг 182 километри, кој ќе носи гас од Азербејџан до Грција и на овој начин регионот ќе добие алтернативно снабдување со руски гас.

На отворањето на гасоводот покрај Фон дер Лајен, Радев и Пендаровски, присуствуваа премиерот на Грција, Кријакос Мицотакис, претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и премиерот на Романија, Николае Чука.

Слични содржини