
Нажила Триндаде, која го обвинува Најмар за силување, има голем број проблеми откако го откри својот идентитет.
По вестите за почетокот на истрагата, фудбалерот на ПСЖ ги објави на социјалните мрежи пораките, кои ги разменил со бразилскиот модел пред и по наводното силување.
„Не мислам дека сега е добар момент да продолжам да зборувам и да се откривам“, рече Триндаде во интервју за „Domingo Especlacular“.
„Морам да се опоравам, не се чувствувам добро. Имам панични напади, и не можам да се грижам за мојот син“, откри таа.
„Не спијам, не јадам. Јас изгубив 10 килограми во последната недела“.
За време на интервјуто, Триндаде има потешкотии да зборува. Подолго време паузира, обидувајќи се да ги избегува прашањата за играчот, за да ја раскаже својата приказна.
„Страдав многу. Моето семејство и јас сме прогонувани. Дојдоа во мојот стан, украдоа многу вредни работи, вклучувајќи го лаптопот на мојот син“, вели таа.
„Тие ме клеветат, измислуваат работи за мене“, вели Бразилката.
Запрашана што би променила, ако ја имаше таа можност, Триндаде одговара дека не би го направила Инстаграм профилот јавен, бидејќи така се поврзала со Нејмар.
„Ако не го сменев статусот на сметката, ако не го отклучив и го активирав, мојот живот сега ќе беше спокоен“, објаснува Нажила.