ВЛЕН обвинува дека соработката помеѓу Левица, ДУИ и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е причината за проблемите и хаосот во општините Чаир, Сарај и во главниот град. Според ВЛЕН, оваа коалиција веќе не ја крие својата врска, а како резултат од тоа се штитат дивоградбите што ги градат „кланот“ поврзан со ДУИ и нивните бизнис партнери. Обичните граѓани, особено албанските семејства кои се обидуваат легално да ги решат своите домови, се обвинувани, додека големите дивоградби остануваат неповредени. Директорите на јавните претпријатија во Скопје се поставени од страна на Блерим Беџети од ДУИ и од Левица преку Димитар Апасиев, и тие свесно не ја вршат својата работа. Поради тоа, улиците во населбите каде живеат Албанци остануваат нечисти.
Во Советот на градот, извештаите од директорите од ДУИ ги поддржува Левица, што јасно покажува дека тие се во коалиција. ВЛЕН истакнува дека Данела Арсовска не ги исполнила ветувањата дадени пред изборите, особено кога станува збор за инфраструктурата во Сарај и Чаир. Во Сарај нема никакви вложувања, и покрај ветената програма за решавање на проблемите со водовод, канализација и изградба на кружен тек.
Во Чаир нема нови булевари ниту паркови, а единствено што се случува е поставување на директори блиски до Блерим Беџети и Димитар Апасиев. ВЛЕН апелира граѓаните да не бидат заложници на бизнис интересите на оваа коалиција, која работи во корист на „кланот“ на ДУИ и Данела Арсовска, а на штета на локалното население. Во наредните денови, ВЛЕН најавува дека ќе објави детали за дивоградбите на „кланот“ на ДУИ во Сарај и Шуто Оризари и ќе ги информира институциите како МВР, Антикорупциска и Обвинителството.
„Јавноста ќе ја види вистинската слика за Данела Арсовска и нејзиниот интерес, како и за криминалната мрежа на ДУИ која владее во овие општини“, велат од ВЛЕН.