Трите најголеми предрасуди за „најомразениот“ хороскопски знак

од Vladimir Zorba
483 прегледи

Иако сите хороскопски знаци имаат свои маани, поради некои од нивните специфични карактеристики, овој има лоша репутација.

Дали знаевте дека Девицата ја носи неславната титула најомразен и најиритирачки хороскопски знак? Повеќето веруваат дека Девиците се способни да ја искомплицираат и наједноставната работа, тие се доста бескомпромисни, критични и најголеми перфекционисти.

Тие се злопамтила и никогаш нема да ја пропуштат можноста суптилно да ве потсетат на неправдата што сте им ја направиле.

Сепак, постојат многу предрасуди кон Девиците, а овие се трите најголеми:

1. Тие се склони кон критики и осуди

Девиците имаат аналитички ум и го анализираат секој потег (нивни и туѓ) до најмалите детали. Ова значи дека понекогаш ќе слушнете од нив она што можеби не го сакате. Цената на отворениот разговор со Девица е вистина, бидејќи тие не сакаат да го кријат своето мислење. Таа ќе ви каже што правите погрешно без двоумење.

Во време кога очекувате само совет, веројатно нема да ви биде лесно да слушнете дека и вие правите нешто погрешно, така што тоа може да го протолкувате како осуда. Сепак, тоа е – искреност.

Запомнете дека Девицата е најголемиот критичар на самата себе и не успева ниту да им суди на другите бидејќи е премногу зафатена постојано да ги преиспитува своите постапки и грешки.

2. Постојано мудруваат

Девицата нема да чека да ја прашате за мислење или совет, таа веднаш ќе ви ги даде и двете. Тој дел од нејзината личност честопати се перцепира како интелигенција, но всушност е резултат на веќе споменатата анализа.

Девицата веднаш забележува работи што ја отежнуваат ситуацијата за вас и ќе ви каже како да излезете од неа што е можно полесно и побрзо.

Лесно е да се протолкува ова како мудрување, но запомнете дека тоа е всушност добронамерна потреба да ви помогне.

3. Никој не е попедантен од нив

Сигурно многу пати сте слушнале приказни за Девици каде се е болно уредно, чисто и педантно организирано. Спротивно на популарното верување, Девиците воопшто не се најуреден знак. И не само тоа, на многу Девици воопшто не им треба совршен ред во нивната околина. Иако има многумина кои навистина ја оправдуваат својата репутација како пуристи, има и многу Девици кои претпочитаат креативен неред.

Додека на другите овој креативен неред ќе изгледа како нешто со кое не можете да се справите, тие во секој момент ќе знаат каде се нејзините најважни работи. Не мешајте се во уредувањето на која било Девица, а особено на несредената, бидејќи она што ви изгледа како неред е идеално организиран простор за живеење во кој таа лесно може да го најде својот пат се додека вие не интервенирате,

Слични содржини