179
Тројца малолетници од три скопски села малтретирале деветнаесетгодишна девојка во автобус на ЈСП, допирајќи ја по телото, извести МВР. Полицијата информира дека немилиот настан се случил пред два дена.
-На 24.04.2023 во 15.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП Скопје на бул.„Илинден“, тројца малолетници од скопските села Копаница, Ласкарци и Арнакија допирале по телото 19-годишна девојка од Скопје, стои во полицискиот билтен.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.