Тројца лекари меѓу новозаразените во Хрватска: Преќутиле дека биле на скијање во Австрија

од Nikola Popovski
144 прегледи

Меѓу новозаразените девет лица во Хрватска, тројца се лекари, соопшти хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Станува збор за двајца заразени лекари во Клиничко-болничкиот центар во Загреб и една лекарка од психијатриската болница Врапче, која до петокот била на работа.

-Тројца се заразиле со вирусот, така што и покрај јасните упатства, молчеле дека го поминале викендот во Австрија и поради тоа ќе бидат строго санкционирани, рече Анте Корушиќ, првиот човек на клиниката „Ребро“ и додаде:

–  Три проценти од вработените во Ребро се во изолација поради нив, тоа се 140 лица. Ова се случи заради неодговорност – изјави Ќорушиќ во интервју за Н1 телевизија.

Тој додаде дека сите би биле во изолација доколку се дознало порано дека биле на скијање во Австрија.

– Епидемиолошкиот мониторинг на клиниката е завршен. Знаеме дека вирусот е донесен однадвор, поради одењето на викенд во Австрија, кој не бил пријавен навреме во администрацијата. Колегите продолжиле да работат и криеле дека биле на скијање – рече Корушиќ.

Тој апелираше на одговорност на граѓаните, за самоконтрола во однесувањето, а оваа состојба се однесува и на лекарите.