Тројца обвинети за убиството на Ивановиќ пуштени во домашен притвор

од Vladimir Zorba

Раде Басара, Недељко Спасојевиќ и Марко Росиќ денеска беа ослободени од судски притвор и добија домашен притвор, изјави за РТС адвокатот Дејан А.Васиќ, еден од бранителите на обвинет за помагање во убиството на косовскиот политичар Оливер Ивановиќ.

Мерката куќен притвор за тројцата обвинети ја определи Основниот суд во Приштина, на денешното рочиште, јавува РТС.

Тие се во судски притвор 40 месеци, а на предлог на нивните адвокати беа пуштени на слобода.

Останатите обвинети во случајот – Силвана Арсовиќ, Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ – од почетокот на судењето се бранат од слобода.

Слични содржини