Тројца повредени при експлозија во Даночната управа во Анкара (Видео)

од desk2
127 прегледи

Три лица се повредени при експлозија во котларницата на зграда на Даночната управа во турскиот главен град Анкара, соопшти синоќа анкарскиот градоначалник Ерџан Топанџа.

Тројцата повредени се припадници на службата за обезбедување на објектот, што се наоѓа во анкарскиот кварт Чукурамбар.

Утврдено е дека експлозијата се случила поради истекување на гас, а претходно Топанџа рече дека постои голема веројатност дека експлозијата претставува саботажа.

– Истрагата се уште трае, но постојат сомнежи дека експлозијата е последица на саботажа. Сомнежите се уште не се сто процентни сигурни, но има сознанија за таква можност, додаде Топанџа.