Вчера година во 11.10 часот на автопатот „Гоце Делчев“, пред клучка Коњари, скопско, патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(24) од Штип, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.П.(47) од Штип, додека возачот и 17-годишна сопатничка од Штип се здобиле со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.