Тројца ракометари на Вардар во тимот на септември во СЕХА лигата

од Vladimir Zorba
99 прегледи

 

Тројца ракометари на македонскиот шампион Вардар се најдоа во најдобриот тим за септември во регионалната СЕХА лига.rk-vardar-2016-1

Изборот е разбирлив бидејќи Вардар одлично ја отвори новата сезона и тоа со пет победи и еден нерешен резулат, учинок со кој црвено-црните е убедливо први на втвот на табелата.

Во изборот покрај тројцата ракометари од Вардар доаѓа и шпанскиот стратег Раул Гонзалес кој е прогласен за најдобар тренер.

Најдобариот тим за септември во СЕХА лигата го сочинуваат:
голман – Роланд Миклер (Веспрем)
лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
десно крило – Блаж Јанц (Целје)
кружен напаѓач – Растко Стојковиќ ( Мешков)
лев бек – Стипе Мандалиниќ (ППД Загреб)
среден бек – Лука Циндриќ (Вардар)
десен бек – Алекс Душебаев ( Вардар)
тренер: Раул Гонзалес

Серијата од пет победи во низа во СЕХА лигата, ракометарите на Врадар ќе можат да ја продолжат веќе на следниот натпревар закажан за 12 октомври, кога во Скопје гостува последно пласираниот тим во лигата Извиѓач кој досега има четири порази во исто толку одиграни натпревари/МИА