Тројца скопјани се заканувале со пиштол сред бел ден

од Nikola Popovski

Приведени тројца скопјани кои со пиштол се заканувале кон сограѓанин, информираат од МВР.

На 10.10.2022 во 17.30 часот на ул.„Бутелска“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.К.(48), Е.Е.(39) и Н.К.(20), сите од Скопје, затоа што околу 16.30 часот на бул.„Гоце Делчев“, по расправија, со пиштол му се заканиле на И.М.(38) од с.Сингелиќ, скопско.

По преземени мерки пиштолот бил пронајден, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини