244
„Не се почитуваат мерки од недокваканост и инает кон државата. Инаетот на мнозинството ќе го сотре и најсовесниот граѓанин“, пишува професорката Синоличка Трпкова на својот фејсбук профил.
„Државата не е консеквентна во казнувањата. Криминалците никогаш не ги казни, а на олигарсите им доделила фина парична поддршка. Изгубена е довербата од луѓето. Се потсмеваат на ковид, на лекари, наука, на совесни граѓани, а особено на мерките за заштита…
Другата крајност е игнорирањето на вирусот, дури и по смрт во блиско семејство. Ова треба да се истрпи, да се голта секое чувство на дискриминираност зашто имаш ум, носиш маска, внимаваш“, посочува таа.