Трудо му заби нож во грб на Трамп?

од desk2
238 прегледи

 

Белата куќа продолжи со критиките на сметка на канадскиот премиер Џастин трудо, обвинувајќи го за забивање нож во грб на САД на завршниот самит Ге7.

Трудо синоќа на крајот на самитот во Канада рече пред новинарите дека лидерите на сите седум членки на Ге 7 потпишале заедничко соопштение во кое се повикува на „трговски систем заснован на правила“.

Трудо ги нарече мерките на америка навредливи, а тоа се однесуваше на американските даноци на челик и алуминиум и рече дека Канада нема да дозволи дека некој да ја малтретира.

Претседателот на САД Доналд Трамп на тоа набрзо одговори на твитер и ја повлече согласноста од заедничкото соопштение од самитот Ге7, обвинувајќи го Трудо за лажни изјави.

Главниот советник на трамп за економија Лери Кадлоу денеска рече дека Трудо им забил нож во грб со изјавата дека Канада нема да дозволи да биде малтретирана со американски даноци.

Кадлоу за CNN наведе дека Трудо и нанесол голема штета на Ге7 со изјавата дека Канада ќе мора да се брани и дека САД се одговорни за проблемот со даноците.

Трамп нема да дозволи, додаде Кадлоу, Трудо да го малтретира пред неговиот самит со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Советникот на Трамп за трговија Питер Наваро исто така денеска го обвини Трудо за предавство на американскиот сојузник.

„Постои посебно место во пеколот за секој лидер на некоја земја кој лошо ќе се однесува кон претседателот Трамп и потоа на излез се обидува да му забие нож во грб“, вели Наваро.

Годишниот самит на Ге7 во петокот и саботата во Канада го одбележаа остри несогласувања со Трамп поради неговата одлука да воведе даноци на увоз на челик и алуминиум од Европската унија и Канада и Мексико. Таа мерка ги погоди американските апартнери иако нејзина главна мета неа кинеските производители на кои САД и ЕУ долго се жалаат дека го преплавиле пазарот со евтин челик.

Од друга страна, министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас наведе дека американскиот претседател Доналд трамп во голема мерка ја уништил довербата меѓу САД и Европа.

„Многу брзо може да се уништи неверојатно големата доверба со само една порака на Твитер. Сеха е уште поважно за Европа да остане обединета и да ги брани своите интереси на поофанзивен начин“, наведе Ма, исто така на Твитер.

„Обединета Европа е одговор на (паролата на Трамп) „Прво Америка“, додаде германскиот министер.

Трамп во два твита по синоќешното завршување на самитот Ге7 во Канада, наведе дека не го поддржува заедничкото соопштение и тоа на општо изненадување на лидерите од таа група, кои, како и тој, за тоа претходно тешко преговараа.

Неговите твитови предизвикаа општо негодување во Германија каде конзервативниот весник „Велт“ дури се запраша: „Како можеме да водиме какви било преговори со Белата куќа која не ги познава основите на светскиот економски поредок и живее во својот извртен и сронет свет на фантазија?“