290
Во Агенцијата за вработување ќе се одржи средба со активните баратели на работа, корисници на гарантиран минимален приход и можностите за нивно вработување преку директен грант на АВРСМ „Активација на ранливи групи на пазарот на труд“, кофинасиран од ЕУ.
Најавено е дека на средбата ќе присуствуваат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерката за финансии, Нина Ангеловска, директорката на АВРСМ Билјана Јовановска, директорката на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, Наташа Станојевиќ и раководителот на Секција за соработка во Делегацијата на Европската унија (ДЕУ), Никола Бертолини.