Во изминатите 4 години се работеше вредно и напорно во секоја општина во државата, секако со силна поддршка од централната власт. Оваа силна динамика што ја воспоставивме, мора да продолжи и во следниот мандат. Не смееме да дозволиме никој друг да ни ги кочи процесите и проектите кои ги спроведуваме, а кои се исклучиво во интерес на граѓаните“, рече pотпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, која вечерва се сретна со жителите на Општина Карпош.
Според неа, изминатиот период се реализираа проекти и процеси кои се од огромно значење за децата, младите, но и за секој граѓанин.
-Во населба Бардовци изградивме целосно нова градинака со капацитет за 78 деца, со вкупна вредност од над 28 милиони денари.
Одговоривме на барањата на родителите и изградивме целосно нов објект во градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе, но и го реконструиравме постојниот објект за што инвестиравме вкупно 17, 6 милиони денари. Исто така, во тек е изградба на градинка во Карпош 3, со капацитет за 100 деца.
Дополнително, во сите 10 основни училишта во Карпош се опремуваат кабинети по природни науки, но и сите, 10 улилишта се обезбедени со сензорни соби, а од оваа учебна година на располагање на учениците со попреченост од Општина Карпош се и 30 образовни асистенти, за првпат вработени преку Буџетот на МОН. Царовска посочи дека не изостанува и грижата за младите и за студентите. Со 157,2 милиони денари, е завршена адаптација и санација на на блоковите В и Г од Студентскиот дом Гоце Делчев, додава Царовска.