Царовска: Никој не треба да има илузија дека ова учебна година ќе биде совршена

од Берта Китинска
147 прегледи

Министерката за образование и наука, Мила Царовска вели дека никој не треба да има илузија дека ова учебна година ќе биде совршено организирана.

„Дали сите наставници имаат доволни дигитални вештини – не, дали сите ќе се снајдат веднаш – не, сѐ се тоа одговори коишто ни даваат за право да кажеме дека – да, сме направиле чекор плус во дигитализација на образованието и пристап до образование за децата, но дека ќе биде совршено не треба да има никој таква илузија“, рече Царовска, во емисијата „200“ на Алсат.

Таа напомена дека часовите по практична настава ќе се одржуваат со физичко присуство.

„Во средните технички училишта, практичните часови ќе се одвиваат во училница и тоа е дозволено. Сите оние коишто имаат практична настава, посебно 3 и 4 година да одат во училиште во одредени помали групи“, рече Царовска.

Слични содржини