Царовска: Ниту еден наставник нема да остане без работа со новиот концепт во образованието

од Nikola Popovski
196 прегледи

„Различна е сликата со бојкотот на наставата од матурантите. Една гимназија во Скопје има поорганизирано дејствување, сите други се изолирани групи во дел од гимназиите. Во Медицинското, на пример, нема ниту еден ученик што бојкотира. Тоа се мали групи кои искажуваат незадовлство и тоа е нивно легитимно право“, изјави денес министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Министерката истакна дека со реформата се фокусираме на барањата на наставниците во однос на начинот на организација на часовите. Наставниците сега имаат повеќе време со учениците, но и поголема слобода за организација на наставата. Би сакала директно да им се обратам бидејќи имаше многу неточни работи кажани во изминатиот период и да ги расчистам.

„Во однос на матурата, за наредната 2021 година тогаш нема да има проблем да имаме нова концепција и да формираме работна група која ќе го подготви тој концепт, но оваа година законски е утврдено како и зшто се полага матура. Секое поместување ќе им направи проблем на учениците за запишување на високо образование и овде и надвор од земјава“, изјави Царовска.

Министерката истакна дека со реформата се фокусираме на барањата на наставниците во однос на начинот на организација на часовите. Наставниците сега имаат повеќе време со учениците, но и поголема слобода за организација на наставата. Би сакала директно да им се обратам бидејќи имаше многу неточни работи кажани во изминатиот период и да ги расчистам.

„Прво ниеден наставник не останува без работа, напротив верувам дека на долг рок уште повеќе вработувања ќе бидат потребни за подигање на квалитетот на наставата. Второ, ниеден предмет нема да биде укинат, начинот на организација на наставата ќе биде сменет.  Фондот на часови зголемен, а не намален. Трето, обуките ќе бидат темелни со цел секој од нив да биде подготвен за настава. Се обврзуваме како министерство дека реформата ќе ја дочекаме подготвени и ќе дадеме максимум за секој да биде целосно мотивиран и спремен да почне со работа. Свесна сум дека секоја промена носи страв и дека промените не се лесни, но уверувам дека се во интерес на сите и пред се на наставниците“, изјави Царовска.

Слични содржини