Моја заложба и на Владата е училиштата повторно да бидат полни со ученици, тоа би сакала уште утре да се случи. Но, значајно е епидемиолошката состојба да се процени и да се почитува стручното мислење на Комисијата за заразни болести. Во моментот кога ќе има официјален став истиот ќе биде изнесен пред јавноста, рече министерката з образование Мила Царовска.
Министерката истакна дека моментално фокус на Министерството за образование и наука е вакцинација на наставниот кадар.
Покрај учителите од прво до трето одделение, имунизацијата продолжува со прва вакцина за преостанатите наставници и професори, како и на одговорните лица за спроведување на матурата. Според неа, предвидена е одредена динамика на вакцинирање на наставниот кадар група по група, а преостанува после спроведувањето на матурата да се утврди начинот како ќе се одвива учебната година од септември.