Царовска: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да објаснат зошто се против зголемување на платите на наставниците

од Nikola Popovski
321 прегледи

Министерката за образование, Мила Царовска апелира до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да дадат објаснување зошто се против зголемување на платите на образовните работници.

-Пратениците од опозицијата им должат објаснување на наставниците и стручните соработници, зошто се против раст на платите и вработување на неопределено на кадарот во училиштата. Поради блокада на Комисијата за образование во Собранието од страна на опозицијата, за жал пропуштена е уште една можност за донесување на законските измени со кои обезбедуваме правна и економска сигурност на наставниците, а со тоа и квалитетно образование за учениците, рече Царовска.

Владеачката СДСМ објави дека ВМРО-ДПМНЕ се противи 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување, наставниот кадар во основните и средните училишта да има правна и економска сигурност.

-Блокадите и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ нема да застанат на патот на реформите во интерес на граѓаните. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ нема да дозволи наставниците, стручните соработници, ниту кој било друг граѓанин да биде заложник на антинародното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски, стои во партиското соопштение на СДСМ.

Слични содржини