Царовска: Преку изборните предмети секој ученик ќе може да си го креира образованието

од Берта Китинска
242 прегледи

Со концептот преку изборните предмети секој ученик ќе може да се профилира или да добие можност да си го креира образованието. 12 години со сите меѓународни организации се работи на истражувања и добивања сознанија на кој начин треба да се реформира нашиот систем. Ова произлезе од сите анализи кои препорачуваат како треба да изгледа образовниот систем во нашата држава, изјави во Утрински брифинг министерката за образование, Мила Царовска.

-Оваа концепција ќе ги повика систе наставници по одреден предмет каде има интеграција на повеќе научни дисциплини заедно да ја планираат неделата, часот. Колективот мора да живее заедно, зошто поинаку значи само техничко образование кое не може да се примени понатаму во животот, вели Царовска и додава дека наставниците кои се срцето на образовниот систем сега е важно дека добиваат право на кариерен развој.

Таа додаде дека учебникот нема да биде основно средство за работа, туку само материјал во кој што вие повторувате одредено знаење.

-Учебниците се само една алатка за учење. Кога ќе почнат наставните програми да се пишуваат дури тогаш ќе треба да се отвори суштинска дебата што треба да се знае по биологија, физика… но мора да повторам учебникот нема да биде основно средство за работа, тоа ќе биде само материјал во кој што вие повторувате одредено знаење кое треба да го стекнете. Треба да се истражува, чита, насочени и кон друга литература која ќе ви го збогати образованието, рече Царовска.

 

Слични содржини