Царовска се повлекува од функцијата во СДСМ

од Nikola Popovski
4,3K прегледи

Потпретседателката на СДСМ и министерка за образование и наука, Мила Царовска попладнево соопшти дека се повлекува од функцијата во партијата.

-Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата. Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Му благодарам за укажаната доверба и можност да дадам придонес во градењето општество за сите, напиша Царовска на социјалните мрежи и додаде дека останува целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности.

Во текот на денот, владеачката партија соопшти дека на денешниот состанок на раководството се утврдија следните чекори на партијата кои од наредната недела ќе бидат ефектуирани, за што јавноста, граѓаните, ќе бидат информирани.

-Во врска со одредни шпекулации, напоменуваме дека согласно статутарните одредби на партијата, со оставката на претседателот Заев во оставка е и целото раководство на СДСМ, соопштија од партијата.

Слични содржини