Царовска: Со интегрирање на два-три предмети, квалитетот на учење ќе се зголеми

од Nikola Popovski
140 прегледи

Министерката за образование Мила Царовска денес даде образложение на концептот каде има интегрирање на два-три предмети.

„Со интегративниот пристап, квалитетот на учење ќе се зголеми. Интеграцијата е позната како модел во нашата држава. До шесто одделение имате интеграција на предмети, тоа го има и во јавни и во приватни училишта и сите сами професори, ученици и родители кои следат таква настава препорачуваат тоа да им се случува. Зошто? Обемот на предмети се намалува, но, квалитетот на учење се зголемува, зошто е интегративен пристапот. Ученикот го разбира контекстот кога учи историја, географија и граѓанско. На која територија се случува, кои настани се случиле, кое државно уредување било во тој период и може да ги поврзе и исто да ги стави во денешен контекст и да ги спореди.Тоа досега не се случувало, токму затоа сметам дека овој модел што го нудиме ќе даде резултати, и апсолутно ќе ни даде можност, нашите ученици конечно да почнат да учат“, изјави Царовска во интервју за Канал 5 ТВ.

Слични содржини