Царовска со порака до родителите и децата: Бојкотот е неконструктивен начин за искажување на незадоволството

од Берта Китинска
230 прегледи

Бојкотот е неконструктивен начин за искажување на незадоволството, изјави министерката за образование, Мила Царовска и ги повика родителите и децата  да не бојкотираат настава, затоа што со тоа нема да се решат проблемите.

-Секој од нас е одговорен за јавното здравје. Бојкотот е неконструктивен начин за искажување на незадоволството. Ги повикувам сите наши граѓани, деца, дека секој од нас треба да се справува на конструктивен начин со оваа епидемија. Се стремиме да бидеме како најразвиените земји. Образованието е најважно, ние треба да се трудиме да ја намалиме детската сиромаштија. Оваа пандемја е лекција за нашата држава- рече Царовска.

Слични содржини