Покрај платата како вработени во Министерството, како хонорар земале уште една плата, бидејќи членувале во комисии, иако тоа се одвивало во текот на работното време. Станува збор за високи суми, и до 50 илјади денари

Како и во сите други сектори, така и во овој со кој што раководам затекнавме многу неправилности и злоупотреба на средства. Лично бев запрепастена од високите хонорари што ги примале вработените во Министерството, преку учества во разни комисии и работни групи (комисија за лиценцирање, комисија за посвојување, работни групи формирани по закон и слично). Покрај платата како вработени во Министерството, како хонорар земале уште една плата, бидејќи членувале во комисии, иако тоа се одвивало во текот на работното време, вели мнистерката Царовска во интервју за SKOOP.
Царовска: Се делеле хонорари на вработени од 50 илјади денари
Станува збор за високи суми, и до 50 илјади денари. Иако се работи за ресор во чија надлежност се и социјално загрозени групи граѓани, тоа не претставувало пречка за да се користи привилегираната позиција за стекнување лична корист.
Министерството за труд и социјална политика подготвува нов правилник околу плаќањето, со цел да се спречат ваквите појави во иднина. Членовите на комисиите кои работат во текот на работното време, ќе земаат по 500 денари месечно. Ако направиме функционален систем и во иднина се подобри стандардот, ќе останат и средства за плаќање на соодветни анализи, документи поврзани со креирање политики и слично. Дотогаш, ќе работиме во рамки на реалните можности и со максимална одговорност кон буџетите со кои располагаме, порача Царовска за СКУП.