Царовска: Студентите ќе добиваат по 2.400 денари месечно за храна

од Nikola Popovski

Студентите од октомври ќе добиваат по 2.400 денари месечно финансиска поддршка за субвенциониран оброк, со што го подобруваме студентскиот стандард и ги исполнуваме барањата на младите, објави министерката за образование, Мила Царовска на својот Фејсбук профил.

Според неа, средствата ќе се уплаќаат директно на лична сметка на студентите со што ќе им се даде можност освен во угостителски објекти да ги користат и во маркетите.

-МОН заедно со младите продолжува да креаира мерки и политики и да спроведува процеси кои се во интерес на младите и нивната иднина, наведе министерката.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Законот со кој се фали СДСМ во 2021 година, постои од 2020 година ,а истиот е донесен од сите пратеници во Собранието, а не е плод на СДСМ.

-Законските измени не го оправдуваат законот, затоа што никој не гарантира дека парите ќе бидат наменски потрошени. СДСМ нема започнато ништо видливо, смешни се изјавите за енергетско-ефикасни студентски домови, кога најголем дел од домовите немаат топла вода, прекини на струјата се многу чести, а студентите продолжуваат да живеат во услови кои се далеку од европски. Доколку СДСМ реално се грижеше за студентите ќе обезбедеше здрава исхрана за сите студенти, а при тоа можеше дека ги стимулира угостителите со издавањето на картички за студентскиот оброк од каде ќе можеа да набавуваат храна, објави Царовска.

Слични содржини