Царовска: Успесите ги постигнавме со луѓе кои покажаа дека навистина и служат на државата

од Aleksandar Todeski
265 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска преку видео порака ја честиташе новата 2020 година. Таа кажа дека годината која измина за неа била посебна, бидејќи било направено многу за лицата на коим им била потребна поддршка.

„Годината која измина за мене беше навистина посебна, а верувам и на семејствата на кои им беше потребна поддршка. На сите нас ни се остварија желби. Новогодишните желби не инспирираат, не мотивираат да бидеме подобри и да дадеме повеќе од себе. Секој ден е ново достигнување и нов предизвик. Со предизвици беше исполнет и изминатиот период“, истакна Царовска.

Министерката заслугите ги препиша и на луѓето кои како што рече, работеле да се донесат потребните закони и покажале дека навистина им служат на граѓаните.

„Сето ова го постигнавме со посветена админситрација, луѓе кои што неуморно работеа да се донесат законите, да ни функционира системот, да се направат исплатите и со тоа покажаа дека навистина им служат на граѓаните. Посакувам да бидеме уште подобри и да веруваме во своите соништа, затоа што соништата носат подобро утре“, рече Царовска.

Слични содржини