Царовска: Воннаставните активности ќе бидат дел од новиот образовен систем

од Берта Китинска

Министерката за образование Мила Царовска вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека според новиот образовен систем и воннаставни активности ќе бидат дел од содржината на училиштата.

„Имаме родители кои имаат можност  да платат  и ги водат децата на јазик, музика, театарски вештини. Со новите реформи ќе направиме тоа да биде достапно за секој. Кога може системот да обезбеди два часа плус, да може и овие воннаставни активности да бидат дел од содржината на училиштата. На тој начин ученикот ќе сака да оди во училиште“, рече Царовска.

Слични содржини