Царовска за Топ тема: ОЈО не постапило во случајот со силувањето на 13-годишното девојче. Таму затајува системот

од desk4

Министерката Мила Царовска во вчерашното издание на Топ Тема посветено на силувањето на 13-годината штитеничка од домот 25-ти Мај ја информираше јавноста дека Јавното обвинителство не постапило во случајот.

Царовска: Институцијата пријавува, до детали ги има извештаите испратени до МВР. МВР издава соопштение дека се обраќа до Основното јавно обвинителство. Без ОЈО да покрене постапка …?

 Сања Васиќ: До сега не е покрената постапка, против ниту еден од овие луѓе (од извештајот на МВР н.з. кој се однесува на настан од 3 јануари 2017)

Царовска: Апсолутно. Токму тука затајува системот.

Непостапувањето на ОЈО Царовска го потенцираше и во изјава  за Канал 5.

– МВР своите обврски согласно законот ги завршпило. Но, кога стигнува до јавното обвинителство, и се до денеска, нема никаков постапување. За тоа информираат од МВР во своето официјално соопштение – вели Царовска.

Според неа, од Основно јавно обвинителство треба да отпочне одредена истрага за сторителите да бидат казнети.

Слични содржини