„ЦЕЛ СВЕТ ДА ЗАСТАНЕ СО АЗЕРБЕЈЏАН во борбата против злото“, повика Ергодан

од Vladimir Zorba

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, рече дека нападите врз Азербејџан уште еднаш и покажале на Ерменија дека претставува најголема закана за мирот и стабилноста во регионот.

– Турскиот народ е денес, како и секогаш, со сите расположиви средства, заедно со своите браќа од Азербејџан – наведува Ердоган во пораката објавена на Твитер.

Ердоган исто така рече дека меѓународната заедница уште еднаш покажува дека има двојни аршини, и на примерot на несоодветniot одговор на провокативната агресија на Ерменија.

– Триото од Минск, кое се однесува невнимателно скоро 30 години, за жал е далеку од тоа да дејствува во насока на решавање на проблемот. Го повикуваме ерменскиот народ да се бори за својата иднина против владата и оние што ги туркаат во пропаст и да ги користат како марионети и го повикуваме целиот свет да застане покрај Азербејџан во борбата против окупацијата и злото – рече Ердоган.

Ердоган изјави дека разговарал по телефон со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев и дека уште еднаш бил убеден во неговиот решителен и цврст став.

Тој додаде дека во тој разговор, тој повторил дека Турција ќе продолжи да го поддржува Азербејџан и братскиот народ таму под слоганот „еден народ, две држави“.

Слични содржини