Целата дрога оди преку албанската мафија, а екстремисти имаат силни упоришта на Косово

од desk4
225 прегледи

Албанската мафија во свои раце ја држи речиси целокупната европска трговија со наркотици, покрај трговијата со луѓе и перењето пари.

Тој во интервјуто за Косово Онлајн, изјави дека албанската мафија во свои раце ја држи речиси целокупната европска трговија со наркотици, покрај трговијата со луѓе и перењето пари, а ЕУ во овој момент не е во можност да размислува за проширување односно за примање на нови членки од Балканот.

– Против екстремистите можете поефикасно да се борите, бидејќи тие не го корумпираат системот како албанската мафија, која располага со големи пари и лесно се инфилтрира во системот. Освен тоа, албанската мафира соработува и со исламските екстремисти преку разни работи како нелегални пасоши, трговија со луѓе…Албанскиот организиран криминал е опасност број еден во овој момент, во тоа нема сомнеж, изјави Номикос.

Според неговите зборови, постојат силни упоришта на исламските екстремисти на Косово, во Северна Македонија и Албанија.

– Радикални елементи имате секаде, постојат држави кои се подготвени да ги финансираат, како Катар и други. Во моментов, сепак, имаме „микроколумбија“ во внатрешноста на Западен балкан, и тоа е неприфатливо, бидејќи ако тие земји би влегле во ЕУ, тоа би било вулкан кој би еруптирал. ЕУ веќе има големи проблеми како Брегзит и тешко дека во овој момент би можела да го преживее и албанскиот организиран криминал – вели Номикос.

Слични содржини