Припадници на единицата за брзи интервенции, како и единицата за специјални задачи вечерва се испратени на терен да им помогнат на луѓето кои се заглавени во своите возила и домови поради надојдените води од невремето со обилни врнежи што го зафати Скопје и околината
Во Стајковци се ангажирани речиси сите можни единици кои можат да помогнат во спасувањето на загрозените жители, за згрижување на тие чии домови се уништени, како и за пружање лекарска помош на сите што им е потребна.
На терен се испратени и противпожарни, амбулантни возила и механизација.
Специјалните единици, претходно успеале да се пробијат до возилата што беа заглавени на скопската обиколница во близина на село Стајковци, и им помагаат на луѓето што биле заглавени.
Повеќе од 30 возила беа заглавени приближно час и половина, поради свлечиште кое формирало насип, а водата влегувала и во автомобилите. Заглавените граѓани бараа помош преку социјалните мрежи.
Освен Стајковци, засега загрозени места се и скопската обиколница, делови од Кисела Вода, делови од Автокоманда, патот кон Црешево. Во Скопската населба Аеродром обилниот дожд создаде и одрон , при што во голема јама за изградба на зграда , голтнма дел од улица во изградба, како и дел од паркинг на кој имаше возила. Станарите излегоа пред зградата да ги отстранат возилата, но дел од автомобилите останаа блокирани. Поради обилниот дожд, дел од улицата и паркингот и понатаму пропаѓаат во јамата. Одронот искрши дел од цевките за вода кои поминуваат покрај улицата во изградба, а во провалијата која се формираше пропаднаа и неколку шахти. Нема повредени.
Патот за скопско Сопиште исто беше под вода со многу дупки отоворени шахти и заглавени возила.
НА едно локално патче се урна цел ѕид и неколку метри и еден тон камења. Ж ителите ги префрлаа камењата на раце затоа што немаше механизација , а возилата на патот останаа долго заглавени на дождот.
Градот Скопје формираше и кризен штаб, а со цел за брза координација на активности за помош на граѓаните во подрачјата кои се најпогодени од невремето.
Ссноќа во населбата Ченто дојде и градоначалникот Коце Трајановски кој изјави дека во тој дел е најкритично бидејќи од Скопска Црна Гора преку Булачани дошла огромна количина на вода и целата избила во Стајковци и Синѓелиќ, а потоа оди кон Економија и Инџиково.