Цела земја оди во карантин поради една заразена жена – имала контакт со 210 лица

од Nikola Popovski
113 прегледи

Кралството Бутан одредеи строги мерки денес откако е откриен позитивен случај на коронавирус.

Станува збор за 27-годишна жена, која откако се вратила од Кувајт, за првпат била тестирана негативна за време на задолжителниот карантин, но на следниот тест се покажа присуството на вирусот.

Сепак, до вториот тест, жената, како што пренесуваат новинарските агенции, имала контакт со повеќе од 210 лица.

Поради овој случај, владата на Бутан наредила затворање на сите училишта, институции и канцеларии.

Првото затворање од почетокот на пандемијата ќе трае помеѓу пет дена и три недели, јавуваат бутанските медиуми.

Бутан досега има регистрирано 128 случаи на коронавирус и нема смртни случаи.

Слични содржини